Приведено e лицето кое го оштети стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека се работи за изолиран случај и дека надлежните институции експресно работат на расветлување на целиот случај.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведено лицето кое го скрши стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје.

Станува збор за 54-годишниот скопјанец Ш.А.

– Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека се работи за изолиран случај и дека надлежните институции експресно работат на расветлување на целиот случај.