
Синоќа полицијата ги привела сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко.
При приведувањето им биле одземени пет мобилни телефони.
Неофицијално, фалсификуваната лиценца од Министерството за економија ја земала ќерката на газдата.
Претходно Основното јавно обвинителство потврди дека во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази.