
Министерството за внатрешни работи утрово излезе со информација за уапсени лица по инцидентите кои се случуваа на ракометното дерби меѓу Вардар и Пелистер.
Дербито меѓу Вардар и Пелистер го одбележаа и големи инциденти, а епилогот е 18 уапсени лица.
„На 26.03.2023 полициски службеници приведоа 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар-Е. Пелистер во салата Јане Сандански во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување на силство на спортски натпревари“, стои во соопштението на МВР.
Уапсените се членови на навивачката група Чкембари кои додека беа во станица добија храна и пијалоци од своите ривали – Комити кои им организираа и превоз до Битола.