
Приведени раководителката на УЈП Скопје, сопственик на бензински, екс пратенички
Од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вечерва соопшти детали од акцијата која попладнево се спроведува во Скопје.
Од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.
Кој е уапсен досега?
Според извори на 4NEWS.mk уапсена е раководителка на УЈП од ЗНАМ, сопственик на бензински пумпи, поранешни пратенички од СДСМ, сопруга на познат доктор.
Акциите продолжуваат и во текот на вечерта, а голем дел од приведените се веќе во полициската станица Пролет.