Приведени малолетници, уапсени крадци и дилери во контроли во Скопје

Скопската полиција вчера попладнето почнала акциска контрола околу 19 часот, која завршила утрово околу 2:30 часот, при што на подрачјето на Центар контролирале угостителски објекти во координација и соработка со Државниот пазарен инспекторат. Притоа, привеле вкупно 13 лица.

„Во рамки на контролата на 12 угостителски објекти, четири лица беа лишени од слобода врз основ на чл. 215 став 3 и 236 став 1 од КЗ на РСМ, а беа приведени и други девет лица од кои шестмина малолетници“, соопштија од МВР.

Инаку, членот 215 се однесува на трговија со дрога, додека членот 236 на кривичното дело тешка кражба.

„Покрај ова, евидентирани беа прекршувања по основ на Закон за лична карта, Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, Закон за возила и Закон за оружје. Во рамките на акциската контрола извршени се 26 проверки на идентитети, 23 прегледи на лица и 11 прегледи на патнички моторни возила, а седум возила беа подигнати со пајак, соопштија од МВР.

Исто така, во Скопје синоќа била активна и Единицата за недозволена трговија. Тие привеле две лица заради утврдување на идентитет, легитимирале 22 лица, а извршиле преглед кај 19 лица и осум патнички моторни возила.