Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во Скопје ја лишиле од слобода скопјанката Ј.Г.П.(49), која била барана со потерница по наредба од Основен суд Скопје за затворска казна од шест месеци.
Како што соопшти МВР, Ј.Г.П. ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.