Приведена жена од Гостиварско, украдените пари и накит се пронајдени и вратени на сопственичката

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (21.11.2023) околу 18.15 часот во гостиварски Градец ја лишиле од слобода 54-годишната М.Р од ова село.

Половина час пред тоа, таа била пријавена од 36-годишната Б.Р. од гостиварски Добридол дека во возило од јавен превоз, во кое се превезувала, од чантата ѝ одзела девизи и накит.

Случајот целосно е расчистен, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а против М.Р. ќе следува соодветен поднесок.