Приватни превозници утре ќе ја блокираат „Илинденска“ – од понеделник најавуваат радикализација на протестите

Приватни автобуси утре со почеток во 06:00 часот ќе ја блокираат десната лента на улицата Илинденска. Покрај тоа, близу 200 автобуси ќе го блокираат и собранието на Град Скопје. Блокадата може да продолжи и во текот на викендот доколку не се слушнат нивните барања, а доколку не се постигне договор, од понеделник ќе има целосна сообраќајна блокада на крстосницата  кај „Мавровка“, „Црвен Крст“ и улицата „Илинденска“. одлучи координативното тело на приватните превозници.

Хаосот во сообраќајот изгледа ќе продолжи, бидејќи Арсовска изјави дека не се откажува.

Јовановски вели дека превозниците на приватните фирми не продале никакви нефискални билети, додавајќи дека фискалните апарати на автобусите се неисправни уште од времето на поранешниот градоначалник Коце Трајановски и дека тоа неколку пати било пријавено, но никој не реагирал.

Приватните превозници во понеделникот ја блокираа раскрсницата кај Мавровка предизвикувајќи голем сообраќаен хаос. Бараат ЈСП да им го исплати долгот кој според нив е над 2 милиони евра и да ја укине одлуката за раскинување на договорите со двете приватни компании Слобода превоз и Макекспрес.