Приватните превозници протестираат пред ЈСП

Приватните превозници утринава во 9 часот се собраа пред Управната зграда за да го искажат својот револт поради сеуште неисплатениот долг кон нив од страна на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Како што велат нивниот гнев се повеќе се зголемува и се нетрпеливи.

-Чекаме долго време, давачките што ние ги имаме течат. Не можеме да ги затвориме фирмите, бидејќи ќе нема каде да ни биде извршена исплатата. Чекавме три месеци без работа – изјави Исен Халили, од „Слобода превоз“.

Тој истакна дека ќе чекаат да ги прими директорот на ЈСП за да разговараат за долгот.

-Дали ќе не прими не знаеме, бидејќи стана луксуз да се стигне до директори, раководители – истакна Халили.

Приватните превозници сеуште немаат одговор ниту од Владата за прием, иако премиерот им вети што ќе го добие извештајот од Управата за јавни приходи ќе биде договорена средба, иако тие тврдат дека веќе го виделе извештајот според кој Град Скопје, односно ЈСП им должи.

Доколку не дојде до средба со директорот, од понеделник тие најавуваа повторни блокади на скопските улици.

-Беше планирана блокада за во среда, но од МВР ни одговорија да одложиме заради чествувањата по повод роденденот на Гоце Делечев. Имавме разбирање и тоа е одложено за од понеделник – информираше Халили, објави Вечер.мк.