Приватните превозници ги повлекуваат автобусите од „Илинденска“

Приватните превозници најавија дека ќе ги повлечат автобусите од ,,Илинденска”. Ова повлекување е како резултат на средбата која ја најави Ковачевски, за решавање на проблемот со долгот кон нив.

Ленин Јовановски истакна дека вистината е на нивна страна и верува во успешни преговори со премиерот Ковачевски.

„Вистината е на наша страна. Ако постои можност преку отворање на овој дијалог да се договориме и да се реши проблемот. Така овие протести ќе прекинат и автобусите да се повлечат од блокадите“, изјави Јовановски.