Приватните автобуси од понеделник ќе останат паркирани во гаражите.
Приватните превозници на состанок синоќа во 20 часот донеле одлука во понеделник да прекинат да возат.
В понеделник во промет само изутрината ќе има само по еден автобус на секоја линија, по што ќе се вратат во гаражите. Според договореното, одлуката е само за еден ден, а за секој нареден, одлуката ќе се носи ден претходно.
Во понеделник почнува школската година, што значи во Скопје загарантиран е метежот.
Со недели наназад, приватните превозници возеа само до 10 часот, а попладнето дури од 17 часот, но тој работен протест не влоди со плод, па Град Скопје уште им должи 2 милиони евра.
Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот превоз. Неколку дена ги блокираа главните сообраќајници во градот.
Потоа, во март 2023 година, се сменија претпријатијата кои раководеа со нив, се формираа нови, но со истите автобуси и возачи. Се договори долгот да им се исплати, но и тоа не се случи, па сега поретко ги има приватните автобуси по улиците на Скопје, а ЈСП никако не постигнува да ги опслужи сите граѓани кои ги користат нивните услуги.
Според последната статистика, годинава досега за 14 отсто се намалил бројот на превезени патници во градскиот превоз.