Приватниот автобуски превозник „Макекспрес“ и денеска не сообраќа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради неисплатен долг од страна на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје.
Веќе втор ден автобусите не се излезени да сообраќаат поради тоа што, како што тврдат, немаат средства.
Сопственикот на претпријaтието, Милорад Димитријевски истакна дека денеска очекуваат средба со претставници од ЈСП и Град Скопје.
Долгот што во моментов го има ЈСП „Скопје“ кон нив и е во висина од околу 30 милиони денари.
Вчера од ЈСП „Скопје“ пак излегоа со информација дека со цел да не се доведе во прашање редовниот превоз на патници, тие од нивна страна „пуштаат“ свои автобуси на линиите на кои во моментот не возат приватните автобуски превозници од „Макекспрес“.
„ЈСП „Скопје“ вклучува свои возила на линиите кои ги опслужува „Макекспрес“, односно скопјани не останаа без превоз на линиите на кои вози посочениот приватен превозник“ – информира оттаму.