Приватен авион „цесна“ се урна во Балтичко Море кај Летонија

Приватен авион кој полетал од Шпанија се урна во Балтичкото Море во близина на брегот на Летонија соопштија шведските спасувачки служби, откако авионите на НАТО се обидоа да го следат неговиот непредвидлив тек.

Авионот „Cessna 551“, регистриран во Австрија, летал од Херез во јужна Шпанија, од каде полетал во 12.56 часот по Гринич без конкретна дестинација, пишува веб-страницата FlightRadar24, а пренесува Reuters.

Тој направил две заобиколувања, во Париз и Келн, пред да се упати директно преку Балтикот, минувајќи го шведскиот остров Готланд.

Во 17:37 часот по Гринич, почнал брзо да губи брзина и висина, покажа сајтот за следење на летот.

„Дознавме дека авионот паднал во морето северозападно од градот Вентспилс во Летонија. Исчезна од радарот“ – изјави портпаролот на шведската спасувачка служба.

Хеликоптер на литванското воено воздухопловство е испратен на местото на несреќата за потрага и спасување на барање на соседна Латвија, изјави портпаролот на литванското воено воздухопловство. Портпаролите на летонската контрола на воздушниот сообраќај и спасувачките служби не беа веднаш достапни.

Борбените авиони на НАТО полетаа порано за да го следат авионот, изјави за Ројтерс портпаролот на литванските воздухопловни сили. Шведската спасувачка служба соопшти дека пријавиле дека никој не може да се види во пилотската кабина на „Цесна“.

Неофицијално во авионот освен пилотот, имало уште и маж, жена и нивната ќерка.