Претставување на концептуалното дело „Хаос“ на Методи Ангелов-Мето

Во КСП Центар Јадро – Скопје вечер од 19 часот ќе биде претставено концептуалното дело „Хаос“ на мултимедијалниот уметник Методи Ангелов-Мето.

Во КСП Центар Јадро – Скопје вечер од 19 часот ќе биде претставено концептуалното дело „Хаос“ на мултимедијалниот уметник Методи Ангелов-Мето.

Во рецензијата за проектот, меѓу другото, се наведува дека хаосот во делото на авторот „не е приказ на нарушеност на можностите, туку на посакувана непредвидливост и случајност“.

-Суштинска состојба за излез од нормите, за креативност и промена. Низ овој проект, хаосот престанува да биде нешто што треба да се надмине, и станува сила што вреди да се прифати и разбере, посочува Мања Величковска во освртот кон делото на Ангелов.

Методи Ангелов-Мето (1977) е  мултимедијален уметник познат по своите иновативни уметнички проекти, интервенции и процеси кои ја истражуваат врската помеѓу уметноста и технологијата.

-Со повеќе од 20 самостојни и 20 групни изложби, неговото творештво опфаќа концептуални и интерактивни дела кои ги одразуваат актуелните глобални теми и релации во современата уметност. Со комбинација на различни техники и стилови, Ангелов создава динамични и повеќедимензионални уметнички искуства, кои поврзуваат и интегрираат различни елементи во една целина, наведува КСП Центар Јадро.