Претставени придобивките од билкарството преку проектот „Вештини – клучот на зелената економија“

Во рамките на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, на отворено, во хотелот „Гратче“, кај Кочани, денеска беа претставени придобивките од билкарството.

Во рамките на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, на отворено, во хотелот „Гратче“, кај Кочани, денеска беа претставени придобивките од билкарството.

Билјана Пешова, која има билкарница во Кочани и е една од обучувачите на група заинтересирана за стекнување вештини за собирање билки, ги претстави условите, можностите и начините за занимавање со билкарство.

На презентацијата присуствуваше и словенечкиот амбасадор Грегор Прескер, кој во свое обраќање го поздрави интересот на присутните за развој на оваа вештина, за економско зајакнување и за стекнување и развој на претприемачките способности преку поврзување со природното, традиционалното и културно наследство.