Претставена е топката за ЕУРО 2024 – фудбалска љубов

УЕФА и Адидас ја промовираа фудбалската топка за Европското првенство во 2024 година, во Германија. Нејзиното име е „Фусбаллибе“ или преведено од германски „фудбалска љубов“.

Дизајнот на топката е модерен, со ненаметливо присуство на боите на германското знаме: црвена, црна и жолта. Исто така, на поврешината транспарентно се испишани имињата на десетте града домаќини.

Она што би требало да претставува новост е револуционерната технологија која била инкорпорирана во креирањето на оваа топка. Со неа множе многу поефикасно да се следи секое движење на топката, на секој дел од теренот, што се очекува да биде од голема помош за ВАР-анализите.

ЕУРО 2024 ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.