Македонскиот Претседател, Стево Пендаровски му го додели мандатот за состав на нова Влада на новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
„Врз основа на член 84 став 1 алинеја прва од Уставот на Република Северна Македонија и известувањето за предлог на мандатарот доставено од СДСМ, а поддржано од политичките во состав на коалицијата, кои заедно го имаат мнозинството пропишано со Уставот во Собранието на РСМ, за мандатор за состав на Владата го определувам господинот Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ“ – порача Претседателот Пендаровски.
Ковачевски откако се заблагодари за честа, најави дека од денес почнува со составување на Владата.
„Ваквите времиња бараат стабилни и одговорни луѓе. Затоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење. Моја лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите. Секоја минута од нашето време ќе биде поосветена на клучните проблеми како економската несигурност и економската нестабилност. Најавувам фокус на економскиот развој и финансиска поддршка за семејствата. Граѓаните бараат да видат разлика, да видат напредок“ – рече Ковачевски.
Претходниот премиер, Зоран Заев поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори, па Собранието минатата недела ја констатира неговата оставка, со што започна да тече рокот од 10 дена во кој Претседателот Пендаровски требаше да го довери мандатот за формирање нова Влада.