Претседателот на Чешка: Западната поддршка за Украина со време ќе се намалува

Претседателот на Чешка очекува дека западната поддршка за Украина со време ќе се намалува, пренесува германскиот весник „Süddeutsche Zeitung“, што е една од првите изјави на некоја членка на НАТО која укажува на можен пад на поддршката за Киев. Чешката влада и другите членки на НАТО и пружаат воена на Украина во борбата против руската инвазија.

Но, Петр Павел, поранешниот генерал на НАТО изјавил дека резултатите од претседателските избори во САД следната година ќе влијаат на поддршката на Украина и дека Киев мора да биде свесен дека оваа година е одлучувачка. „Ако поддршката од САД ослабе, истото се очекува и од уште неколку европски земји. Украина тоа мора да го земе предвид“, рекол Павел.

„Мора да се земе предвид заситување од војната и како тоа ќе влијае на поддршката од западните земји. Со време ќе се намалува“, нагласил тој.

Павел кој победи на претседателските избори во јануари, досега силно ја поддржувал воената помош за Украина.

Тој е голем поборник за цврста интеграција на својата земја во ЕУ и НАТО сојузот, што е промена во однос на поранешниот претседател на земјата Милош Земан, кој одржуваше добри односи со Москва и Пекинг.