Претседателот на Палестина: Хамас и другите фракции мора да го предадат своето оружје

„Хамас нема да има никаква улога во управувањето. Хамас и другите фракции мора да го предадат своето оружје на Палестинската самоуправа. Она што го сакаме е единствена држава без оружје“, рече тој во видео обраќање.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денес пред Генералното собрание на ОН изјави дека Хамас нема да има никаква улога во управувањето и ја повика групата да го предаде своето оружје на Палестинската самоуправа.

„Хамас нема да има никаква улога во управувањето. Хамас и другите фракции мора да го предадат своето оружје на Палестинската самоуправа. Она што го сакаме е единствена држава без оружје“, рече тој во видео обраќање.

Абас нагласи дека Државата Палестина е единствениот субјект што има право да преземе целосна одговорност за управувањето и безбедноста во Газа.

„Повикуваме на траен прекин на огнот, мора да обезбедиме хуманитарен пристап преку Обединетите нации и Агенцијата за бегалци на ОН. Мора да гарантираме ослободување на сите заложници и затвореници“, рече Абас.

Тој рече дека сака „модерна, демократска држава заснована на владеење на правото, плурализам, поделба на властите, еднаквост, правда и јакнење на жените и младите“.

Абас ги пофали земјите што ја признаа државата Палестина и ги повика оние што сè уште не го сториле тоа да го сторат истото.

„Ве повикуваме да ја поддржите Палестина да стане полноправна членка на Обединетите нации“, рече тој.