Претседателот на Алтернaтивa, Гаши оствари средба со американскиот амбасадор Агелер

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, денеска оствари средба со американскиот амбасадор, Ангела П. Агелер.

Двајцата заеднички се согласија дека ја делат истата визија за иднината на државата.

Тие ја потврдија нивната заедничка посветеност да ја видат земјата како напредува кон ЕУ и европските стандарди во општеството, како што е владеењето на правото.Разговараа за плановите за забрзување на интеграцијата во ЕУ, вклучително и опциите за деблокирање на преговорите со ЕУ преку уставните измени.

Се согласија дека сите политички фактори треба да го поддржат патот кон ЕУ и да ги стават граѓаните на прво место, за да има подобра иднина за сите.

Гаши ја презентираше иницијативата на Алтернатива за поднесување на уставен амандман со кој ќе се исклучи кривичната застареност за политичката корупција. Оваа иницијатива мора да го надмине етничкиот дискурс и да се фокусира на владеењето на правото како приоритет за целото општество. Гаши за овој амандман ја побара американската поддршка.