Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателката на Словачка – Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална дводневна посета на земјава.
Како што најавија од претседателскиот кабинет, словачката претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу претседателите и пленарен состанок на делегациите.
Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателката Чапутова и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.
Чапутова и словачката делегација на платото пред Владата ќе ги пречека и премиерот Димитар Ковачевски.
Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и претседателката Чапутова ќе имаат билатерална средба со членовите на двете делегации.