Дамевa: Поднесувам оставка поради притисок на Мицкоски и власта!

Под притисок на власта, на претседателот на Владата и владејачката гарнитура, кои од собраниска говорница, преку партиски соопштенија изнесуваа обвинувања кон претседателката на Судскиот совет и судиите, Весна Дамева во јавно обраќање поднесе оставка на функцијата.

Под притисок на власта, на претседателот на Владата и владејачката гарнитура, кои од собраниска говорница, преку партиски соопштенија изнесуваа обвинувања кон претседателката на Судскиот совет и судиите, Весна Дамева во јавно обраќање поднесе оставка на функцијата.

На оваа одлука се одлучила за да го заштити својот углед, но и своите најблиски од фамилијата.

„Да се заштитам и себеси и семејството“, рече Дамева.

„Се бараше начин да бидам оцрнета“, додаде таа.

Дамева рече дека ќе остане во Судскиот совет за да види до каде ќе оди Милошоски, неговата партија и другите политичари. Дамева рече дека ќе издржи, освен, како што додаде, ако удрат по безбедноста на ќерка ѝ, сопругот и семејството.

„Имуна сум на вашите ставови, закани и намери. Но, ако имате намера нешто да сторите, сторете го по законски пат и со докази. Јавно го повикувам Мицкоски да ги достави до јавното обвинителство доказите за наводно фалсификување на записници. Во спротивно, треба да се извини”, рече Дамева.

Дамева го впери прстот во премиерот Христијан Мицкоски.

„Во неколку наврати, тој и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет. Сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално и стручно. Бевме посочени како тела кои треба да бидат распуштени. Во телевизиско гостување, истакна и дека на нашето место треба да дојдат нивни луѓе – претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владејачката политичка партија. Тоа е поразително е за една демократска држава“, кажа Дамева.

-И кога нема слух за подобрување на состојбата во судството и истото е опструирано од власта, и на разно-разни начини, претседателот на владата и политичарите од владеачката гарнитура, од собраниска говорница или преку прес-службата изразуваат негативен став спрема Судскиот Совет, спрема членови на Советот, но, најпоразително од сѐ е што изразуваат негативен став кон судиите, од кои поголемиот број навистина не го заслужуваат тоа, сметам дека единствено што ми останува е да го заштитам мојот личен интегритет и мирот и спокојството, и мое и на моето семејство, поради што поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот Совет на РС Македонија, истакна Дамева во своето обраќање.

Состојбата трае од промената на власт и е интензивирана последните неколку месеци, оценува таа. Сериозна е состојбата кога премиер вели дека на нивно место ќе постави „свои“  луѓе.

-Претседателот на владата токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот Совет, со кој раководам, има некакви кланови и се фалсификуваат записници. Воедно, во неколку наврати, тој како и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот Совет, нивна поврзаност со одредени политичари од претходната власт и сето тоа, во насока да се претстави во јавноста дека јас или пак членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално, стручно, совесно и одговорно, а Судскиот Совет заедно со Советот на јавни обвинители беа посочени како тела треба да бидат распуштени, вели Дамева.