Во Тетово вчера во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од село Мала Речица, тетовско.
Како што денеска соопштија од МВР, при претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.