Полициски службеници од ОВР Кочани синоќа го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Кочани, затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и пари.
Како што информираат од МВР, по целосно расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.