
Министерството за внатрешни работи (МВР) од утрово врши претреси во кафе барот Класик кој е во сопственост на Дејан Јованов, газдата на дикотеката Пулс во Кочани во која на 16 март 2025 година во пожар загинаа 59 лиѓе, а околу 200 се повредени, дознава МКД.мк од полициски извори.
Освен во кафе барот Класик, кој ден по трагедијата во Кочани беше демолиран од страна на гневните, шокираните и ужалени граѓани, полицијата врши и претреси во подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.
Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани што се случи на 16 март 2025 година загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 се повредени. За случајот досега се осомничени 34 луѓе, а отворена е истрага против 27 од осомничените, против три фирми и против седум полицајци од СВР Штип и полициската станица Кочани.
Oсновниот суд Кочани одреди мерка 30 дена притвор за сите 24 лица за кои Основното јавно обвинителство бараше изрекување на мерката во рамки на истрагата за пожарот во кочанската дискотека Пулс.