Претреси на повеќе локации низ државата, се апсат осомничени за корупција

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција информираат дека во моментот се вршат претреси на повеќе локации во државата.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција информираат дека во моментот се вршат претреси на повеќе локации во државата.

-Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, информираат од Обвинителството, без да соопштат повеќе детали, кои ги најавија за утре.

Според првичните неофицијални информации, претреси се вршат во Платежната агенција.