Претреси во МВР, осомничени началници и вработени за злоупотреба на тендери
Акцијата, која ја води Бирото за јавна безбедност, во исто време се спроведува и во неколку економски оператори, меѓу кои и добро познати автосервиси кои до сега години наназад ги сервисирале возилата на полицијата и во кои исто така утрово се вршат претреси.
Полицијата утрово врши претреси во зградата на МВР, каде, според информациите, се одзема службена документација во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици.
Според неофицијални информации, почната е истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки за сервисирање на службените возила на полицијата и МВР.