Претепан e новинарот Зоран Божиновски

Новинарот Зоран Божиновски, сопственик на порталот Буревесник, бил претепан од две непознати лица, синоќа пред неговата куќа во Битола.

На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, а изутринава е пуштен на домашно лекување.

Божиновски бил нападнат и крвнички претепан од две маскирани лица, а напаѓачите најверојатно биле вооружени со метални боксирачи на рацете.

„На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, а изутринава е пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница“ – изјавила за Плусинфо сопругата на Божиновски, Панда Солунчевска, која била со него за време на нападот.