Хрватската полиција уапси насилник кој во средината на јуни со шипка претепал, а потоа силувал девојка во Сплит.
Поради настанот што се случил на 16.06.2024 година во Сплит, по сознанието за наведениот настан, полициски службеници спровеле интензивна криминалистичка истрага, која денеска завршила со кривична пријава, пишува Јутарњи.
Свесни за фактот дека ваквиот вид на дело ја вознемирува јавноста и негативно се одразува на чувството на сигурност кај граѓаните, од настанот до денес, утврдувањето на идентитетот на лицето, неговото пронаоѓање и приведување беше приоритет на оваа полициска управа и полицијата.
Исцрпната истрага која опфати голем број спроведени мерки и дејствија, анализа на прегледи на видео надзор, особено оперативната работа на полициските службеници на терен, беше успешно завршена вчера со пронаоѓање на 34-годишен маж за кого било утврдено дека постои основано сомнение дека сторил низа кривични дела.
Вчера полициски службеници го пронашле и го привеле во службените простории на полицијата и против него извршиле кривична истрага.
Тој е пронајден на подрачјето на општина Сплит-Далмација, а врз основа на судска наредба е извршен претрес во станот и возилото што го користел.