Пресуда за убиството на Денис Тот: За тројцата обвинети 52 години затвор

По четири месеци од првото рочиште од судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб „Привилиџ“ во градскиот парк во Скопје, во Основниот Кривичен суд денеска беше биде објавена пресудата за случајот во кој се обвинети Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.

Ѓоргиевски е осуден на 18 години затвор.

Левковска е осудена на 18 години затвор.

Костовски е осуден на 16 години.

Во овој процес, Основното јавно обвинителство – Скопје ги гонеше, а судот го осуди обвинетите за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товареа дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

„По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“ се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Во текот на доказната постапка, обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Судечкиот совет на чело со судијката Елена Илиевска Јосифовиќ ја соопшто пресудата.