Алексеј Навални – лидерот на руската опозиција денеска е осуден на девет години затвор „за измама од особено големи размери“.
Навални (45) беше прогласен за виновен за проневера на средства за неговата антикорупциска фондација – која сега е забранета во Русија – и за навреда на судија во претходно судење.
Судијката Маргарита Котова во пресудата наведе дека Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и повреда на довербата“.
Според пресудата, судот ја утврдил вината на Навални за сите четири точки од обвинението за „измама од особено големи размери“.
Навални е најистакнатиот противник на Путин. Повеќекратните правни постапки против него беа критикувани на меѓународно ниво како политички мотивирани.
Тој веќе издржува казна од неколку години во затворски логор во Покров, на околу 100 километри источно од Москва.