
Престрелки и експлозии во близина на Меѓународниот аеродром „Диори Хамани“ во Нигер
Во близина на Меѓународниот аеродром „Диори Хамани“ во главниот град на Нигер, Нијамеј, утрово се слушале истрели и експлозии.Според очевидците на небото околу аеродромот се гледале блесоци светлина и се слушале истрели.
Во близина на Меѓународниот аеродром „Диори Хамани“ во главниот град на Нигер, Нијамеј, утрово се слушале истрели и експлозии. Според очевидците на небото околу аеродромот се гледале блесоци светлина и се слушале истрели.
Сите воени кампови во Нијамеј се ставени во состојба на готовност.
Властите во Нигер и раководството на аеродромот сè уште не издале официјално соопштение за инцидентот, а засега нема официјална потврда за жртви.
Аеродром „Диори Хамани“ се наоѓа на околу 10 километри од претседателската палата на Нигер.
На аеродромот се наоѓа базата на воздухопловните сили на Нигер, новоизградена база за беспилотни летала и седиштето на заедничките сили формирани од Нигер, Буркина Фасо и Мали за борба против џихадистичките групи.
Нигер е главен светски производител и извозник на ураниум, а на меѓународниот аеродром складирани се големи количини ураниумска руда.