Најмалку еден повреден во престрелка која попладнево се случи во скопското село Арачиново.
На Ургентен примено е лице со прострелна рана во градниот кош и главата, а како што потврдил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пукано било во возилото на арачиновскиот градоначалник Ридван Ибраими, а повреден е неговиот возач.
– Го внесуваме во сала. Има прострелни рани на градниот кош. Станува збор за момче на околу 30-годишна возраст. Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала – изјавил за тв Телма Неџати Јакупи, директор на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар.
Неофицијално се дознава дека градоначалникот на Општина Арачиново не е повреден во престрелката, како што објавија дел од медиумите.
Кон Арачиново се движат силни полициски единици за обезбедување на местото и увид, а на местото на злосторот реагирале и екипи на Итна помош.