Преполовен е бројот на гледачи на отворањето на Олимпијадата 2024 година во Париз
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин објави колку гледачи се очекуваат на свеченото отворање на Олимписките игри во 2024 година.
Како што пренесува „Либерасион“, повикувајќи се на Дарманин, првично се очекуваше на церемонијата да присуствуваат 600 илјади луѓе. Сепак, бројката сега е намалена на 326 илјади. Од нив 220 илјади гледачи ќе имаат бесплатни билети и ќе ја следат церемонијата од горниот дел на насипите, уште 104 илјади ќе бидат сместени на долните насипи на Сена.
Цената на овие билети достигнува 2,7 илјади евра.
Покрај 326.000 гледачи на насипите, властите проценуваат дека околу 200.000 луѓе ќе можат да ја следат церемонијата од своите домови. Во парискиот регион ќе бидат мобилизирани 45 илјади полицајци и жандарми.
За прв пат во историјата на Олимписките игри свеченото отворање ќе се одржи не на стадион, туку на река. На Сена се очекуваат десетици чамци со различни делегации кои ќе направат поморска парада во должина од шест километри низ Париз.
Свеченото отворање на Летните олимписки игри во Париз ќе се одржи на 26 јули.