Од Вишото јавно обвинителство во Врање за Новости е потврдено дека Р.Р. државјанин на Србија (43) е приведен за тешко дело против безбедноста на јавниот превоз и криумчарење луѓе бидејќи со возило „бмв“ превезувал 14 мигранти од африканско-азиските земји, кога поради голема брзина изгубил контрола над возилото и излетал од патот во близина на градот Алиѓерци, кај Бујановац.
Во тешката сообраќајна несреќа загинаа три лица, а останатите се повредени и згрижени во медицинските установи. Повреден е и возачот.
Возачот на автомобилот со кривична пријава ќе биде изведен кај дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање.