Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги пречекал децата кои ја пееле коледарската песна пред неговиот дом.
„Утрово убавата коледарска песна ни донесе радост во домот. Ова се убави денови во кои е испреплетена традицијата, љубовта, верба во добрината, милостивоста. Честит Бадник! Најрадосниот христијански празник да го дочекате во радување, сплотени, со желба оваа година да бидеме сите ние подобри и поуспешни и да придонесуваме заеднички за напредок на земјата“, напиша премиерот Ковачевски на својот профил на Фејсбук.