Дритан Абазовиќ – премиерот на Црна Гора најави дека Владата се бори да најде одржливо решение за Свети Стефан.
„Најлошата опција е да остане затворен. За се друго треба да се најде компромис и тоа со жителите. Тоа е најголемото туристичко богатство што го има Црна Гора“ – рече Абазовиќ.
Според него, можно е Свети Стефан да се врати во државна сопственост и да се прогласи за посебно добро кое што не може да се оттуѓи.
„Тоа е идеја“ – изјави тој.