
Премиерот на Црна Гора му одговори на Вучиќ: Ве чекаме во ЕУ од 2028 година и ве охрабруваме да побрзате
Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ одговори на предлогот на српскиот претседател Александар Вучиќ сите земји од Западен Балкан треба заедно да се приклучат кон Европската унија.
Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ одговори на предлогот на српскиот претседател Александар Вучиќ сите земји од Западен Балкан треба заедно да се приклучат кон Европската унија.
Вучиќ изјави дека влезот на Западен Балкан како целина во ЕУ е најдобрата идеја и дека таков предлог ќе ѝ го презентира на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Ако некој е отсутен, што ќе правите со тие земји? И знам дека сите зборуваат за усогласување, но не станува збор само за иднината на регионот, туку за иднината на Европа. Ако нè прифатат сите заедно, без исклучок, сите ќе се чувствуваат подобро, и Албанците и Босанците“, рече Вучиќ.
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, реагираше на предлогот на Вучиќ.
„Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ќе ве чекаме таму уште во 2028 година и навиваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот!“, напиша Спајиќ.