Премиерот на Словенија Роберт Голоб изјави дека верува оти Босна и Херцеговина ќе добие статус на кандидат за членство во Европската унија. Одлуката за ова треба да се донесе до крајот на оваа година.
Тој нагласи дека е оптимист пред состанокот на Европскиот совет во декември.
„На вчерашниот самит ЕУ-Западен Балкан никој немаше ништо против Босна и Херцеговина што поскоро да добие статус на кандидат за членство во ЕУ. Силно ќе се залагаме и за доделување на овој статус следната недела во Брисел“, заклучи Голоб.