Премиерот на Израел се повлекува од политиката

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет соопшти дека нема да се кандидира на претстојните парламентарни избори и дека ќе се повлече од политичкиот живот.

Тој најави дека ќе остане на вицепремиерската позиција до изборите што треба да се одржат наесен, а во своето обраќање до нацијата изјави дека е горд на постигнувањата на израелската Влада, пренесоа агенциите.

„Нема да се кандидирам на претстојните избори, но ќе останам верен војник на оваа земја во која служев како војник, офицер, министер и премиер. Службата на оваа земја е мојата судбина“ – рече Бенет, додавајќи дека зад себе ќе остави силна држава.