Премиерот на Израел позитивен на Ковид-19

Премиерот на Израел – Нафтали Бенет е позитивен на Ковид-19, но се чувствува добро и ќе продолжи да работи од дома, се додека е во самоизолација, соопштија од неговиот кабинет, пренесуваат британските медиуми.

Заменик портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, која отпатува во Европа со американскиот претседател Џозеф Бајден, исто така, денеска изјави дека е позитивна на коронавирусот, но дека не се смета за близок контакт со американскиот лидер.

Британските медиуми набројуваат дека мината недела и портпаролката на Белата куќа – Џен Псаки, пријави дека е позитивна на коронавирусот.