Премиерот Ковачевски ќе има 13 советници, наместо досегашните 50

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски ќе има 13 советници, наместо досегашните 50 советници на поранешниот премиер Зоран Заев, велат од Владата.

Голем дел од овие советници се професори од Економскиот факултет во Скопје, директор на македонска банка, Македонка – професорка од Велика Британија, двајца се поранешни европарламентарци од Германија.

Имињата ќе бидат наскоро објавени.

Договорите со советниците се уште не се потпишани. Досегашните 50 советници, ќе бидат распоредени на други работни места.

Самиот премиер рече дека со реорганизација на неговиот Кабинет, дел од советниците повеќе нема да ја имаат таа задача, а дел од нив ќе работат на линиски работи во организациски единици за кои се специјализирани според нивните квалификации.

„Бројот на советници којшто јас планирам да го имам е помал од бројот на советници што ги имале досегашните премиери. Тие советници ќе извршуваат работи во нивната професионална област, сите имаат дваесет и повеќе години професионално искуство, академско и професионално“ – рече Ковачевски.