Премиерот Ковачевски утре изутрина ќе и се обрати на јавноста
Претседател на Владата на Република Северна Македонија – Димитар Ковачевски утре во 09 часот на официјалните владини канали на Youtube и Facebook ќе има официјалното обраќање до јавноста, информираа од неговиот кабинет.
Иако во информацијата не е напомената на што ќе се однесува ова обраќање на премиерот, сепак многу веројатно е дека Ковачевски ќе се осврне на случувањата на релација Русија – Украина.