Премиерот Ковачевски во Атина на средба со колегата Мицотакис

Премиерите на Северна Македонија и Грција – Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис денеска ќе имаат средба во Атина, а енергетиката и енергетската стабилност во регионот се очекува да бидат во фокусот на нивните разговори.

Вчера портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому истакнал дека тие секогаш се подготвени да им помогнат на земјите од регионот.

„Ние секогаш се стремиме за продлабочување на односите со нашите соседи и со Република Северна Македонија со предуслов да се почитува договореното со меѓународните договори кои постојат. Енергијата е најголемиот проблем со кој се сочуваат сите народи во Европа. Нашата земја им има енергетски помогнато на земји од регионот. Подготвени сме да видиме како ова може да се стори и со други земји. Сакаме да сме центар на енергетска стабилност, енергетска безбедност и претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста и во енергетскиот дел пошироко во нашиот регион“ – изјавил тој.

Средбата ќе биде во премиерската палата во Атина.