Премиерот го отфрли предлогот на Филипче за лидерска средба

Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за да се детерминираат црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за европските интеграции.

Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба вели дека досега веќе имале една лидерска средба со лидерот на СДСМ, Филипче.

-Па добро често пати ме канат на лидерски средби. Ние имавме една лидерска средба со господинот Венко Филипче. Доколку би имало потреба од таква лидерска средба не гледам зошто да не би ја организирале. Но, во моментов не гледам таква причина, зошто би организирале лидерска средба, уште една“, рече Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на договорите за инфраструктурни проекти со единиците на локалната самоуправа.

Потребна е лидерска средба на која ќе се постигне натпартиски консензус за клучните државни прашања, вели Филипче