Сана Марин – премиерката на Финска денеска ќе престојува во еднодневна посета на С. Македонија.
Според агендата, таа ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации.
Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот.
Финската премиерка предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Поради официјална посета на Марин денеска и утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи.
„Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје“ – соопшти МВР.