Премиерката на Србија – Ана Брнабиќ денеска ќе престојува во посета на земјава.
Таа за време на посетата ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствува и ќе се обрати на самитот што го организира „Македонија 2025“.
Поради посетата на премиерката Брнабиќ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Скопје.
Од Секторот за внатрешни работи Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициски службеници.