Премиерката на БиХ им упати писмо на колегите од регионот во врска со превозниците

Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, испрати писмо до премиерите на земјите од Западен Балкан во кое ги повика да заземат координиран и унифициран пристап кон институциите на Европската унија со цел да ги решат сериозните тешкотии со кои се соочува секторот за меѓународен патен транспорт на стоки.

Како што соопшти Советот на министри на БиХ, Кришто ја нагласила потребата од заедничко дејствување со цел да се надминат бариерите што го попречуваат непречениот проток на стоки меѓу регионот и ЕУ, а кои предизвикуваат економски загуби за економијата на целиот Западен Балкан.

Оваа иницијатива доаѓа во контекст на претходните разговори меѓу Кришто и шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Луиџи Сорек, и најави средби со претставници на Европската унија за проблемите на превозниците, вклучувајќи блокади на граничните премини и други оперативни пречки.