
Премиерите на Хрватска и Словенија заедно отпатуваа на средбата на ЕУ во Брисел посветена на Украина
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и неговиот словенечки колега Роберт Голоб отпатуваа заедно со хрватскиот владин авион на денешниот самит на Европската Унија за Украина во Брисел, пренесе Индекс.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и неговиот словенечки колега Роберт Голоб отпатуваа заедно со хрватскиот владин авион на денешниот самит на Европската Унија за Украина во Брисел, пренесе Индекс.
„Заедно со Роберт Голоб отпатувавме на вонредниот состанок на Европскиот совет, каде што ќе разговараме за долгорочната поддршка за Украина и европската одбрана“, објави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс.
Тој нагласи дека Хрватска и Словенија продолжуваат да ги зајакнуваат своите пријателски односи и соработка во контекст на заедничките безбедносни предизвици.
На самитот, лидерите на ЕУ ќе разговараат за идната помош за Киев, како и за јакнењето на европските одбранбени капацитети во услови на неизвесност околу американската политика и замрзнувањето на американската воена помош за Украина. На средбата ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Словенечкиот премиер Голоб претходно изјави дека ќе се залага дел од средствата за одбрана да се насочат кон зголемување на отпорноста на Словенија на современите безбедносни закани. Пленковиќ, пак, соопшти дека се координирал со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ околу политичките и дипломатските иницијативи за постигнување мир во Украина.