
Македонскиот народен театар (МНТ) вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски.
Улогите им се доверени на Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.
Авторскиот тим го сочинуваат сценографот Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал и композиторот Златко Ориѓански. Асистент на режисерот е Звездана Ангеловска, асистент на сценографот Мартин Манев, а асистент на костимографот Никола Булески.
Извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен, организатор е Тадеа Павловска, инспициент Александар Рајковски, а суфлер Мирослав Атанасовски.
Дизајнот на плакатот и програмскиот каталог е реализиран со креативна поддршка на партнерите Publicis Groupe. Македонскиот народен театар им упатува благодарност за професионалниот ангажман и соработка.
По премиерата, претставата ќе биде на репертоарот на МНТ и на 1, 4 и 29 декември.
Претпремиерната изведба се одржа на 26 ноември.